Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинарски статии

Општина Аеродром соопшти дека го повлекува неодамнешниот конкурс за новинари за промоција на европските вредности. Конкурсот се однесуваше на новинарски статии од областа на заштитата на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот и руралниот развој.

Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски и со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

„Целта на ваквата одлука е да се исклучи и најмалото зрнце сомнеж во јавноста за искрените намери на Општината. Аеродром со конкурсот сакаше да поттикне независниистражувачки стории на теми поврзани со европски вредности, особено кај младите и талентирани новинари“, велат од Општина Аеродром.

Додаваат дека иако нема законски ограничувања, ниту пак, се очекуваше необјективност при известувањето, сепак, одлучиле да го повлече новинарскиот повик.

Претставниците на ЗНМ на средбата ја поздравија одлуката за повлекување на конкурсот и истакнаа дека треба да се избегнуваат вакви практики со цел да не се добие впечаток дека со јавни пари може да се влијае на начинот на известување на новинарите. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе