ЈП „Комунална хигиена“

Опожарени уште два контејнери во Скопје (ВИДЕО)

Нови два контејнера утринава се опожарени на улицата „Никола Карев“ во близина на нова железничка станица, информира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и посочува дека во првите десет месеци од годинава од непознати сторители се опожарени над 100 садови наменети  за одлагање на комуналниот отпад во Град Скопје.

„Само во привите седум дена од ноември изгореа 10 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на јавното претпријатие му е нанесена финансиска штета во висина од 1,5 милиони денари“, велат од Комунална хигиена.

Оттаму посочуваат дека палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и нормалното одржување на хигиената во Градот. Апелираат да престане вандализмот и уништувањето на нивната опрема.

 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе