Опасна дупка на средината на мостот кон Драчево

Вчера доцна попладне до Центарот за управување со кризи (ЦУК) стигнала пријава од загрижен граѓанин којшто известил дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост.

„Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност“, велат од ЦУК.

Од ЦУК апелираа до надлежните институции итно да преземат соодветни мерки и дејства со коишто ќе го обезбедат овој мост и ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните.

Исто така, ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат каква било опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму од Центарот ќе ги преземат сите неопходни дејства.

Од Град Скопје информираа дека екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминатата ноќ поставиле светлосна сообраќајна опрема и ја обезбедиле големата дупка која се појави на мостот кај Маркова река пред скопската населба Драчево.
Инспектор за сообраќај извршил увид и констатирал оштетување, а пријавата беше проследена во најкус можен рок, со цел екипите на Улици и патишта да можат денеска навремено да ја обезбедат истата.


Како итно решение на местото на оштетувањето, во асфалтот се интервенира[e со поставување на две челични плочи со должина од три метри и широчина од два метри како привремено решение, а во наредните денови во согласност со увидот од стручните лица  ќе се работи на изнаоѓање на конечно решение и санација на овој мост кој е стар повеќе од 40 години.


Градот Скопје апелира да се избегне движење на тешки товарни возила, со цел да се избегнат дополнителни оштетувања, со цел да не се предизвика поголема опасност за безбедноста на возилата и граѓаните кои поминуваат на овој потег.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе