По трагичната сообраќајка

ОJO: Наредба за обдукција и за вонреден технички преглед на автобусот

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден, соопшти Основното јавно обвинителство на Скопје.

Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и натаму врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени

Автобусот е на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици. Возилото  преминало преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина, се вели во соопштението на ОЈО.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе