Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Охридска банка информира дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на банката преку лажно претставување, се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на банката и на општата јавност.

„Забележани се два вида напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата ohridska.banka@obsg.com праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, што не е официјална мејл адреса за комуникација на банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта, број на трансакциска сметка и слика на бела позадина“, појаснуваат од банката.

Во соопштението истакнуваат дека Охридска банка нема никаква поврзаност со наведените мејл адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра.

Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги употребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење  лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни.

Банката препорачува да се следат насоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе