Одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија одбележувањето на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот го посветува на медицинските сестри, со барања за унапредување на можностите за професионален развој и едукација, со најновите и најсовремени достигнувања за менаџирање со дијабетес, а пред се превенција уште во предидијабетна состојба.

Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот има за цел да се подигне свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува.

Во рамки на кампањата ќе биде промовиран и видео спот со порака до медицинските сестри и барање за унапредување на условите за нивната работа, а на секоја медицинска (дијабетолошка) сестра ќе биде доделана благодарница од СЗДМ, за особен придонес во борбата со дијабетесот.

Во над 15 општини и Градот Скопје ќе бидат осветлени значајни објекти во сина боја со цел подигнување на свеста за дијабетес под мото „Јас дијабетичарот и мојата прва поддршка медицинската сестра“.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари, порачуваат дека ги почитуваат мерките од Комисијата за заразни болести, во насока на заштита од корона вирусот и не поддржува никаков облик на каков било настан кој придонесува на каков било начин за зголемување на ризик од ширење на вирусот.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе