четврток, 28 март 2024

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродроми во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската војска, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на регионот Твер, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе и тоа во предвид“, пренесува Интерфакс.

Тој рече дека доколку ловците Ф-16 бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништуваат нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетните системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ѝ ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ