Во ова меѓувреме, општината и Министерството за транспорт во најкласична бирократска игра со префрлање на топката за тоа кој треба да ги направи стручните елаборати за неусогласеноста на деталните планови со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. И така се отвори теренот за градби, како на пример на локациите како Холидеј ин или Треска.
„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27 март 2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се вели во соопштението на Уставен суд.
Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар лани, кога Уставниот суд донесе времена мерка за укинување на мораториумот, рече дека имаат и други начини како да се спречи непланското градење додека не се променат сите планови.
Одлуката за мораториум на градежните активности на територијата на Општина Центар ја донесе Советот на 27 декември 2017, кога беше запрена реализацијата на 31 детален план.