Град Скопје

Од утре ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди"

Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди", на потегот од булеварот „8.Септември" до мостот „Обединети нации", од утре ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.

Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди", на потегот од мостот „Обединети нации" до крстосницата со улицата „Лондонска", во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.

„Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот“, информираат од Град Скопје.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе