Од среда ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека во среда, на 15.09.2021 година ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје.

Авионското прскање против комарци ќе се врши на 15.09.2021 година (среда) и на 16.09.2021 година (четврток), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.09.2021 година (среда) до 19.09.2021 година (недела), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Како што стои во соопштението од Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Истовремено, оттаму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе