Управа за хидрометеоролошки работи

Од среда дожд, снег и пониски температури

Сончево и топло со мала доумерена облачност ќе биде до среда кога под влијание на влажен бран кон крајот на денот и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, в среда ќе дува засилен ветер од југозападен, а в четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали, од прогнозираните 20 степени до среда, на 13 односно 14 степени. Минималните температури в четврток и в петок ќе се спуштат до – 5 односно до – 7.

За денеска е најавено сончево време со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе