Град Скопје

Викендов четврта фаза на прскање против комарци во Скопје

Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 15 и 16 август 2020 (сабота и недела), во раните утрински часови, соопшти Град Скопје.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, како што посочија од Градот, ќе започне на 17 август 2020 (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21 август 2020 (петок), во период од 21 до 03 часот, наредниот ден.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19 август 2020 (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се вели во соопштението.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе