Од петок во Скопје по седми пат ќе се врши прскање против ларви и комарци

Градот Скопје информира дека в петок ќе почне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 8 август (понеделник) дезинсекцијата против возрасни форми на комарци.

Прскањето ќе се врши според следниов распоред:

Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 5 август (петок), во текот на денот.

Авионската дезинсекција, против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 6 август (сабота), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 8 (понеделник) до 11 август (четврток), во период од 22 до 03  часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопшти Град Скопје.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе