Од петок опаѓање на температурите

Времето до четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Како што информира УХМР, заладување се очекува од петок кога ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време со температура од 15 до 35 степени.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе