Од јавниот простор во Скопје се отстрануваат 240 билборди, се ослободува простор за пешаци и велосипедисти

Градот Скопје почнува акција за ослободување на јавниот простор во време на корона и се придружува на семејството европски и светски градови кои за време на пандемијата ослободија големи простори за потребите на пешаците и на велосипедистите, за подобар проток на воздух во урбаната средина и за повеќе зеленило. Со оваа акција, во наредниот период од јавните површини во Скопје ќе бидат отстранети 240 рекламни објекти-билборди и ситилајти, информираат од Град Скопје.

„Продолжуваме со интензивното ослободување на јавните простори во Скопје со цел да обезбедиме повеќе простор за пешаците и за велосипедистите во време на светската пандемија на корона вирусот. На задоволство на граѓаните постигнавме договор со компаниите кои се занимаваат со закуп на рекламен простор во делот на билборди и ситилајти, доброволно да отстранат вкупно 240 рекламни објекти од јавните површини во Скопје и покрај тоа што во минатото имаат склучено договор со градот, за што платиле извесен надомест. Станува збор за 120 билборди и 120 ситилајти кои биле легално поставени во најголем дел на тротоари, пешачки површини, велосипедски патеки и други јавни површини и на тој начин го ограничувале движењето на пешаците и на велосипедистите со што ја намалувале и безбедноста на целокупниот сообраќај“, изјави градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Со акцијата на Град Скопје ќе се отстранат 120 билборди и 120 ситилајти. Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а ќе се отстранат и сите 120 ситилајти од јавните површини во Скопје. Со тоа, првата зона од централното градско подрачје целосно се ослободува од поставените рекламни објекти, а се намалува нивниот број и во преостанатите зони.

Инаку, Град Скопје од рекламните објекти досега остваруваше приходи од околу 100.000 евра месечно, а по акцијата за нивно отстранување ќе остварува приходи од околу 80.000 евра месечно, што е за 20 насто намалување на приходите од оваа ставка, но со крајна цел, ослободување на јавниот простор за граѓаните.

На првата наредна седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за ослободување на компаниите за закуп на рекламен простор од надоместокот кој му го плаќаат на Град Скопје за период од 3 месеци. Со намалувањето на бројот на рекламни објекти компаниите ќе имаат намалување за 20% на давачките за месечна закупнина во понатамошниот период.

Покрај легално поставените рекламни објекти, на повеќе локации во градот се забележани и нелегално поставени рекламни објекти кои, како што се најавува, во претстојниот период ќе бидат отстранети од Градот.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе