Ќе се намали ДДВ-то

Од идната грејна сезона пониски сметки за парното

Ќе се намали данокот на додадена вредност за парното греење и користењето природен гас од 18 на 5 отсто, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Како што изјави денеска по состанокот на Интерресорската работна група за животна средина, оваа мерка е дел од владиниот план за чист воздух и намалување на загадувањето, а ќе профункционира од следната грејна сезона.
Според Заев, намалувањето на данокот ќе биде дополнителен поттик за граѓаните кои се греат на парно, да не се исклучат од системот, но и стимул на него да се приклучат нови 10.000 корисници.

„Ќе се намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 проценти за испорака на топлинска енергија и за користење природен гас, ако на тоа се додаде и евтината тарифа што беше воведена, мерките за намалување на загадување и тоа како ќе дадат резултат“, нагласи Заев.

Намалувањето на данокот, потенцира премиерот, ќе значи и пониски сметки за парно греење за околу 11 отсто или за 220 денари месечно, односно 2.600 денари годишно.

Директорот на Регулаторната комисја за енергетика Марко Бислимоски најави поедноставени сметки за парното во кои, како што рече, трошокот за ангажирана моќност нема да постои.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе