Од денеска се реконструира и булеварот „Кочо Рацин“

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот „Кочо Рацин“, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје. На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“.

„Реконструкцијата на булеварот ‘Кочо Рацин‘ ќе се одвива во наредните 40-тина дена. Продолжуваме да го применуваме истиот принцип на брза и квалитетна работа со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Оваа година градежните работи на главните градски сообраќајници завршуваат во рекордно кратко време, со што се овозможува сообраќајот во нашиот град  да се одвива непречено и по реконструирани коловози кои ја гарантираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, рече градоначалникот Шилегов на увидот во градежните работи на булеварот „Кочо Рацин“.

Додека траат градежните работи, како што соопштија од Град Скопје, на булеварот „Кочо Рацин“ ќе се воведе привремен режим на сообраќај. Шилегов апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе