Од 6 декември украинска авиокомпанија двапати неделно ќе лета на релацијата Киев-Скопје-Киев

Авиокомпанијата Виндроуз (Киев) во декември ќе почне со редовни летови кон главните градови на балканските земји. Прес-службата на авиокомпанијата објави дека од 1 декември двапати неделно ќе лета од Киев до Подгорица и назад, a од 6 декември секој четврток и недела на релацијата Киев-Скопје-Киев.

Од 7 декември ќе почне летот Киев - Белград – Киев, секој понеделник и петок.

Летовите од аеродромот Борисбил ќе ги извршуваат авиони Ембраер-145 и АТР72-600.

Виндроуз нуди транзити од региони на Украина, особено од Карков, Днипро, Одеса и Л’вов.

Oд декември авиокомпанијата ќе воведе дополнителни летови во следниве насоки: Киев - Загреб (Хрватска), Киев - Софија (Бугарија). Летовите за Загреб ќе се вршат три пати неделно: секоја среда, петок и недела и кон Софија - секој ден, освен недела.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе