Од 18 до 22 мај во Карпош ќе се собира кабаст отпад

Во рамките на акцијата на Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје во периодот од 18 до 22 мај (од вторник до сабота), на четири локации низ Карпош ќе бидат поставени големи контејнери за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата.

Мебелот, електронскиот и електричен отпад, граѓаните ќе можат да го одложат на следните четири локации:

-Влае 2, зад Порта Влае, кај автобуската постојка;

-Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (автобуска постојка на последна 24);

-Козле, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ ;

-Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ .

Од Општината ги повикуваат сите граѓани кои планираат да го одложат кабастиот отпад, тоа да го сторат во посочениот временски период и исклучиво во овие наменски контејнери и потсетуваат дека оставањето на овој вид отпад, во близина на контејнерите за одложување на домашниот комунален отпад е казниво и придонесува за загадување на околината.

Исто така, оттаму додаваат дека активен е и пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж бул. „Илинден“ (зад бензинската станица „Макпетрол“), каде што граѓаните можат да одложат кабаст отпад.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе