Поради протест пред Основното јавно обвинителство

„Монструм“ од 13 часот ќе ги затвори улиците за сообраќај од Чаир до Обвинителството

Поради најавен протест пред Обвинителството инициран од семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ , од 13 часот ќе бидат затворени за сообраќај дел од улиците во Скопје, од паркот во Чаир па сѐ до Обвинителството.

Протестот во МВР го најавило лицето Блерим Ахмеди, а како иницијатор се појавува Бедри Ајдари, во својство на „претседател на организациски совет“.

Тој на својот Фејсбук профил  го изрази своето незадоволство од обвинителката Фатиме Фетаи и ги покани граѓаните да се приклучат на протестот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради протестот, најавен да почне во 13.30 часот, од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство, во траење од три часа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

„Затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат: бул.Христијан Тодоровски Карпош", ул.„.Џон Кенеди", ул.„Цветан Димов", бул.„Гоце Делчев" и ул.„Филип Втори Македонски", а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници“, соопшти СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе