Протестот во МВР го најавило лицето Блерим Ахмеди, а како иницијатор се појавува Бедри Ајдари, во својство на „претседател на организациски совет“.
Тој на својот Фејсбук профил го изрази своето незадоволство од обвинителката Фатиме Фетаи и ги покани граѓаните да се приклучат на протестот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради протестот, најавен да почне во 13.30 часот, од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство, во траење од три часа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.
„Затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат: бул.Христијан Тодоровски Карпош", ул.„.Џон Кенеди", ул.„Цветан Димов", бул.„Гоце Делчев" и ул.„Филип Втори Македонски", а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници“, соопшти СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.