На денешното рочиште адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапуваше семејството Николови, изјави дека според доказите што биле изнесени на Ѓорѓиев не му останало ништо друго освен да признае вина. Според обвинението, тој возел со брзина од 67,3 километри на час, што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина
Обвинетиот пред судијката Љубинка Бошевска изјави дека признава вина и многу се кае за стореното дело.
,,Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото”, изјави Ѓорѓиев. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ побара да се земе предвид неговата каење и да се намали казната за стореното дело.
Михајлович, адвокатот на семејството Николови кажа дека нема да бара имотно-правни побарувања, додека адвокатката на оштетениот Леонид Даов, Билјана Андонова, рече дека ќе бара отштета.
Јавниот обвинител и Андонова побараа казна со нула толеранција бидејќи, како што кажаа, несреќата се случила на пешачки премин.