Oбложувалниците се против најавените нови давачки и се плашат дека ќе мора да стават клуч на врата

Новите месечни давачки, најавите за зголемување на цената на чинење на лиценците и банкарските гаранции ги кренаа на нозе сопствениците на обложувалниците кои преку отворено писмо до јавноста упатуваат апел до надлежните од можното принудно затворање на бизнисот.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) се незадоволни од воведувањето на дополнителен минимален паушал на постоечките 23%, со што практично посебните давачки на спортските обложувалници кон државата се зголемуваат на 35 до 40 отсто. Со новите предложени измени во Законот за игри на среќа и за забавните игри, апелираат од АСОМ, бизнисот ќе им стане невозможен.

„Членките на оваа асоцијација вработуваат околу 3.000 луѓе и преку 1.500 лица индиректно заработуваат од нашата индустрија. Соочени со претходно најавените зголемени лиценци, гаранции, казни и воведеното минимално растојание од образовните установи, најмалку 30 отсто од нашите објекти ќе треба да се затворат, а тоа значи помалку вработени околу 1.000 лица. Тоа значи дека и приходите што од нашите компании се слеваат во Буџетот на РМ ќе се намалат за 20-30 отсто. Сега, со воведувањето нови и нелогични давачки, веќе се заканува опасноста од целосно принудно згаснување на овој бизнис“, велат од АСОМ.

Во измените на законот се предлага воведување на давачка, т.н. „минимален праг“ од 1.600 евра по уплатно-исплатно место на месечно ниво, паралелно со посебната давачка од 20 отсто плус 3 отсто за спорт, од бруто-приходот (разлика од уплата и исплата), која е предвидена во сегашното законско решение.

АСОМ бара целосно да се отфрли оваа нова давачка која ги крева месечните давачки за безмалку 40 отсто во споредба со сегашните. „Доколку, пак, се инсистира на воспоставен минимален праг, треба да се предвиди навистина реална минимална давачка, која е математички поткрепена, неколкукратно помала од предложеното“, пишува во писмото на АСОМ и се додава дека посебната давачка што и досега ја плаќаат, 23 отсто од бруто-приходот, е една од највисоките можни давачки во Европа.

 

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе