Аерозагадување

O2 иницијативата бара забрана за употреба на отпад како енергенс, од УСЈЕ велат дека сѐ е според европските стандарди

Фотографиите на увезениот отпад што УСЈЕ го употребува како енергенс деновиве предизвикаа бура од реакции. Зелените бараат итна забрана за увоз на каков било отпад од странство, а од цементарницата УСЈЕ смируваат и велат дека уппотребата на овој отпад како енергенс е законски и дека тоа вообичаено се прави во сите цементарници во земјите членки на ЕУ.

 

„Сегашниот, а и новиот предлог-закон за управување со отпад дозволува увоз на отпад што може да се користи како извор на енергија. УСЈЕ легално увезува отпад од странство и легално го согорува во своите печки како извор на енергија. Затоа бараме до крајот на годинава да се воведе забрана за увоз на отпад како извор на енергија“, се вели во апелот на О2 иницијативата во кој се повикува на нов протестен марш пред Владата на 20 декември во 17 часот. Мотото на овој протест е „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“  

 

По објавувањето на овие фотографии се јави и УСЈЕ кои не негираа дека ѓубрето увезено од Италија е нивно. Од цементарницата потврдија дека тој отпад се користи како енергенс во нивните печки.

„Во моментот употребата на алтернативни горива во УСЈЕ изнесува 4% од вкупната количина на енергенси. Алтернативните горива се добиваат од фракции од отпад, претходно целосно обработени во специјализирани фабрики и строго контролирани од страна на сите надлежни институции. Во следниот период планираме да користиме и остатоци од текстилната индустрија, кои вообичаено се депонираат или спалуваат на непрописен начин. Употребата на алтернативни горива не е новина во земјите од ЕУ, каде што оваа пракса е присутна повеќе децении и е целосно безбедна технологија, а во цементната индустрија примената на алтернативните горива во земјите од Унијата достигнува и до 90% од вкупната количина на енергенси“, се вели во соопштението на УСЈЕ и се повикаа сите заинтересирани граѓани, организации и институции да ги посетат и детално да се запознаат со нивното работење. Од УСЈЕ додаваат дека зададените гранични вредности (максимално дозволени вредности) од страна на регулаторот, при користење на алтернативните горива се многу пониски, отколку при користење на фосилни горива. Употребата на алтернативните горива практично е обврска за цементарниците во Европската Унија, велат од компанијата.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе