Реакција

О2 иницијатива: Зошто инцидентот во ОХИС не го пријави „Екоцентар 97“, туку тоа го сторија граѓани?

Интервенцијата и увидот на МВР, инспекциските служби, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ беше резултат на пријава од граѓани кои почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката и имале главоболки, печење во грлото и очите. Зошто не реагираше фирмата „Екоцентар 97" и, според протоколот во случај на ваква хаварија, не го пријави инцидентот до надлежните органи? За ова, велат од граѓанската иницијатива О2, очекуваме највисока казна за „Екоцентар 97".

Ова соопштение на граѓанската иницијатива О2 доаѓа по информациите дека за денешното истекување на вода помешана со опасна хемиска супстанца во дворот на фабриката ОХИС во Скопје, надлежните органи дознале од пријава на граѓани, а не од фирмата која била задолжена да го отстрани овој токсичен отпад од таа локација.

„Хаваријата на „Арчерол митал“ беше пријавена од граѓани, кога Варадар пожолте, а не од одговорните во челичарницата. Сега повторно граѓани пријавуваат зошто смрди, ги печат очи, грло, а не „Екоцентар 97“. Граѓаните НЕ ТРЕБА да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. Одговорните во фирмите, фабриките, погоните се тие кои треба ВЕДНАШ да пријават до сите надлежни. Очекуваме НАЈВИСОКА казна за „Екоцентар 97“, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат“, се вели во соопштението на О2 иницијативата.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе