O2 иницијатива: Во Индија се гледаат Хималаите, во Карпош се палат кабли и се фрла отпад (ФОТО)

Додека жителите на Јаландар, Индија за првпат ги гледаат Хималаите после 30 години, во каналите на Венеција пливаат делфини, сателитските снимки над Вухан, Кина и северна Италија покажаа драстично намалување на аерозагадувањето, кај нас вакви вести нема. Кај нас продолжува традицијата на палење на отворено, кабли, гуми, ѓубре, со истурање на отпад на диви депонии, со градење на нови паркови и полнење на дупки со ред градежен шут, ред отпад, ред земја, испуштање на индустриски отпадни води кои пак го пожолтуваат Вардар... карантин или не, се вели во денешната реакцијата на О2 иницијативата.

 

„Вчера Карпош смрдеше со својот добро познат мирис на запалена пластика, гума... Аеродром и Гази Баба исто.

Ако за 4 дена инспекциските служби можеле да извршат над 11.000 надзори ( Државниот пазарен инспекторат 9.658+869, Државниот инспекторат за труд 463, Агенцијата за храна и ветеринарство 189, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот санитарен и здравствен инспекторат 111, тогаш соодветно можат и треба државните инспекторати за животна средина, за земјоделство, комуналниот инспекторат, инспекторатот на град Скопје и општинските инспектори да вршат засилени инспекции и да го превенираат/спречат и санкционираат законски недозволеното загадување на воздухот, почвата, водата кое ни се случува.

Ги повикуваме Владата, Инспекцискиот совет и нејзината претседателка Магдалена Филиповска Грашкоска за воведување на вонредни и засилени инспекциски надзори за животната средина, загадувањето и издавање на дозволи за работа во три смени, за време на полицискиот час.

Да не заборавиме, зголемената изложеност на загаден воздух со децении нè прави многу поранливи на корона вирусот, а секое понтамошно изложување ни ги крати шансите за преживување“, соопшти О2 иницијативата.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе