Реакција

О2 иницијатива: Срам за општина Карпош, од кого се кријат советниците, каде е транспарентоста

 Вчерашната седница на Советот на општина Карпош, на која требаше да се донесат сите програми и буџетот за 2021 година, не беше најавена, како што е ред, ни на веб страницата на општината, ни на официјалните профили на социјалните мрежи. Важно новогодишното интервју на градоначалникот Богоев  е секаде објавено, реагираат од О2 иницијативата.

Тие забележуваат дека седниците на Советот не одат во живо, не се пренесуваат на фејбук-профилот на општина Карпош, преку Јутјуб. Освен тоа, соопштуваат од О2 иницијативата, општинските административци ги спречуваат граѓаните да се вклучат.

„Вчерашната седница на Советот се одвиваше преку платформата Зум, значи виртуелно, поради ковид-19 состојбата. Како здружение на граѓани побаравме линк за пратење на седницата, на што градоначалникот Богоев ни одговори дека ќе ни биде испратен линк за вклучување. Во недела вечер, во 20:07 часот, добивме порака од претседателката на Советот на општина Карпош, Наташа Пеливанова, дека линк нема да добиеме, туку ќе треба да одиме во Козле, во просториите на урбаните заедници ПБК и КЈП и таму вработен од општината ќе ни овозможи техничка поддршка за следење на седницата. Значи да одиме физички во канцеларија, од која ќе можеме да следиме седница за зум линк.

Сите советници, градоначалникот и други присутни ќе ја следат седницата на Зум од дома или од простории по свој избор, ама ние, граѓани, треба да одиме физички во одредени простории и таму под надзор да ја следиме виртуелната седница.

За што нè сметате вие нас? Какво е ова понижување на граѓаните и ваше поставување на замислени тронови?

Со оглед дека ваквото барање на општината не е уредено ни со Статут, ни со Деловник, ни со закон, линк за приклучување на седницата добивме од еден советник. Но и покрај тоа, не ни беше дозволено линковско вклучување во виртуелната седница.

По телефонски разговор со наша претставничка ѝ беше укажано дека ако ја следиме седницата како и сите други од простории по свој избор, во случајов од дома, постоела опасност да снимаме и повеќе граѓани да ја следат седницата.

Општината не само што не знае што значи транспарентност, туку е во страв она што тие самите треба да го објават за цела јавност да ја следи работата на Советот, некој да не го снима и објави.

Само да напоменеме дека според Законот за локална самоуправа, на расправата за буџетот на општината, присуството на јавноста не може да се исклучи, а општина Карпош го направи токму тоа.

Ова е срам за општина Карпош, за нашите очигледно само декларативно демократски процеси, каде по секоја цена се прават напори јавноста да се исклучи. Ова не е случај само со општина Карпош, туку и со други скопски општини и град Скопје.

За чии пари вие тоа расправате на тајни седници? Буџетите да не сте ги добиле во наследство? Од кого и зошто се плашите за вашите општински настапи да останат тајни и затворени за јавноста? Што имате да сокриете“, прашуваат од О2 иницијативата и најавија предлог законски измени со кои ќе се загарантира основна транспарентност во работата на Советот на општините/Град Скопје.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе