Ништо од Планот за чист воздух

O2 иницијатива: Сите од Владата кои ветуваа чист воздух треба да поднесат оставки

Од владиниот Планот за чист воздух и Програмата за 2019 два месеци пред почетокот на грејната сезона речиси и ништо не е реализирано за намалување на аерозагадувањето, потсетува О2 иницијативата.

 

Според Планот за чист воздух и Програмата за 2019 до крајот на 2020 аерозагадувањето во Скопје требаше да се намали за 50 %, а во другите градови од 30 до 50 отсто.
„Од Планот речиси ништо не е реализирано. Од Програмата за 2019 ништо не е реализирано. Не е објавена јавна набавка за ниту една од предвидените намени и средства.
Недозволива е ваква несериозност во справување со огромното аерозагадување и (не)спроведување на плановите за негово намалување. Ова покажува дека намалување на аерозагадувањето како стратешки приоритет на Владата е про-форма, каде и предвидените мали средства не се реализираат.
Да сме функционална држава, оставка ќе поднесеа сите од оваа Влада кои ветуваа предизборно чист воздух и кои се одговорни за (не)спроведување и (не)реализација на Планот и Програмата за 2019. Не сме функционална држава. И оставки нема да видиме за вакво крајно неприфатливо (не)постапување со најгорливото еколошко прашање, загадениот воздух, од кој годишно ни умираат повеќе од 3.000 граѓани", соопштуваат од О2 иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина..
За Планот за чист воздух (објавен пред 9 месеци) досега аплицирале 19 општини, но допрва ќе се определува за кои проекти ќе одат парите.
За оваа Влада стратешки приоритет беше Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ10-честички и ПМ2,5-честички. Дел од оваа Програма требаше да се реализира со замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти. За реализација на оваа Програма предвидени се 64 милиони денари.
Од Влада најавуваат и дека до крајот на наредната недела ќе се објават повиците за енергетска ефикасност и за уредување на зелени урбани површини, а до крајот на август повик за инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвна дејност.
„Крајно несериозно и срамно", коментираат од „О2 иницијативата" за начинот на кој Владата го спроведува својот стратешки приоритет, два месеци пред почетокот на грејната сезона.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе