Барање до општина Карпош

О2 иницијатива: Бараме укинување на планот за изградба на зграда со 333 стана до Вардар

O2 граѓанската иницијатива за заштита и одбрана на природата вчера до општина Карпош поднесе барање за запирање на постапката за усвојување на предлог Детален урбанистички план З 04, блок 02. Во барањето адресирано до советниците и до градоначалникот Стефан Богоев се бара одлагање на постапката за период кога ќе се намали опасноста од моменталната пандемија на ковид-19.

„Ова барање беше испратено уште на 15 јуни, но одговор од одговорните во општината немаме. На 6 јули на веб страницата на општината објавена е Одлука за неспроведување на оценка за влијание на животна средина за предлогот на овој ДУП, што значи дека постапката сепак си продолжува“, реагираат од О2 иницијативата.

Се работи за ДУП за градска четврт З04 (помеѓу булеварите „Илинден“ и „8 Септември“, реката Вардар и улицата „Љубљанска“), блок 02. Пред три години протв градби на овој простор беше организиран протест под паролата „Стоп за згради, сакаме парк“, потпишана беше петиција со повеќе од 400 потписа доставени до архивата на општината.

Дел од овие урбанистички планови беа укината на Уставен суд. Претставките беа поднесени токму од О2 иницијативата.

 „И покрај сѐ општина Карпош во период на светска пандемија, прогласена вонредна состоба, објавува почеток на јавна анкета од 1 јуни до 15 јуни на ДУП за градска четврт З04 блок 02. Во овој блок има „само 1“ зграда од 333 стана со предвидени 1.199 нови жители. И покрај сè она што се случуваше изминатите 5 години во Карпош, општината решила тука да има згради. Нема речиси никаква разлика од претходно укинатиот ДУП, само што постоечките згради пораснале за 0,5 метри. Сè друго е потполно исто. Во услови кога секојдневно имаме трицифрени бројки на новозаболени некој сака да спроведе јавни анкети и презентации на само 10 дена пред да стапи во сила новиот Закон за урбанизам, според кој објавувањето на почеток на јавна анкета и презентација е поместена од 5 на 15 дена како и должината на јавната анкета е продолжена од старите 15 дена на 30 дена. Но, на некој очигледно овие законски благодети од стариот закон повеќе му одговараа, па побрзаа да ги искористат, што побргу, што позамижано, сè соглaсно законот.

За презентацијата беше потребно физичко присуство, во просторија на општината во строго дефиниран термин, без притоа да се наведе колку вкупно граѓани имаат можност да присуствуваат, а притоа да бидат запазени безбедносните мерки. За да по 20 дена општината Карпош се пофали дека за првпат, Советот одржал онлајн седница, преку интернет платформата „Зум". Зошто ова не се примени и за јавната презентација? Зошто не се направи стриминг во живо сè со цел повеќе граѓани да се запознаат со она што треба да се случи во нивното место на живеење, притоа да не им се загрози личното здравје, што во суштина е и целта на презентацијата според законот, а не мртви букви на хартија, да помине дека ете така пишувало, ако може и со неколку наменски повикани, како и години претходно.

После толку години и сè она што правевме за да спречиме нови згради заслужуваме барем транспарентна и инклузивна постапка со што поголема застапеност на жителите кога се во прашање одлуки што влијаат врз околината и хуманизацијата на просторот. Бараме запирање на оваа постапка и повторување на целата постапка согласно новиот Закон за урбанизам кој веќе е во сила. Законски можности имате, деновиве прочитавме дека постапката за усвојување на предлог за Детален урбанистички план за градска четврт Ј03 за блок 7 е прекината и тоа се случи по силниот притисок од граѓаните на оваа населба. Да потсетиме дека пред 5 години, во септември 2015, жителите од урбана заедница Карпош 4 покренаа граѓанска иницијатива со која собираа потписи во канцаларијата на ДИК откако тогашниот градоначалник ги игнорираше барањата“, пишува на фесјбук страницата на 02 иницијативата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе