Новомаалци со правни тимови ќе се борат за изградба на комплексот кај Холидеј Ин

По вчерашното поднесување на петицијата до Владата и Општина Центар со која бараат во никој случај да не се суспендира планот и да се спречи изградбата на комплексот кај Холидеј Ин, жителите на Ново Маало денеска почнаа со мобилизација на правен тим во одбрана на нивните ставови.

„По досегашните консултации со правни експерти, децидно укажуваме дека нашите права се неоспориви, пред сѐ правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек. Правото на сопственост како уставно загарантирано право на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја.

Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати“, велат жителите на Ново Маало.

Тие укажуваат дека суспензијата ќе им ги загрози правата кои ги наведуваат, па ќе поднесат колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Исто така, како што велат, работат и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на Општината.

Во нивното известување до јавноста се додава дека до добивање на конечен одговор на нашите тужби, до последниот ден, ќе ги блокираат сите улици кои ја оградуваат парцелата.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе