За локацијата кај Холидеј Ин

Новомаалци бараат Општина Центар да ја повлече идејата за суспензија на ДУП-от: Ова се приватни имоти и парцели

Жителите на скопско Ново Маало преку соопштение до јавноста бараат од Општина Центар да го почитува нивното право на сопственост и да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот Гранд, по објавата на Министерството за транспорт и врски дека во елаборатот за евентуална суспензија на ДУП-от не е утврдена никаква штета по јавниот интерес.

„Дали општината ги утнала елаборатите или не, за нас тоа апсолутно нема значење, основ за суспензија нема. Затоа, ние бараме од институциите повеќе да не си ја префрлаат топката и ова прашање да се затвори, а ние да го добиеме она што ни следува и според Уставот и според Законите.

Половина век се бориме да ги оствариме нашите права и сега конечно имаме инвеститор со кој ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век. Сите оние кои ги спорат условите во кои се живее во Ново Маало, слободно можат да дојдат и да видат дали во 21 век се живее со септички јами, прокиснати кровови и кал до колена.

Уште еднаш ги потсетуваме и институциите и јавноста која бара паркови на наши парцели дека правото на сопственост е уставно загарантирано право. Никој освен нас не може да одлучува за тоа што ние ќе правиме со нашите имоти. Ова се приватни парцели, приватен имот. И според ДУП и според ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и деловен простор, тоа и ќе се гради“, велат жителите на Ново Маало.

Што се однесува до јавно зеленило, додаваат, и тоа ќе го има, и тоа многу повеќе од она што го има сега.

„Сега има само распукан асфалт и ништо друго, а оваа локација која е во срцето на градот, за жал е едно големо ругло и срам за една метропола“, велат тие.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе