Новиот директор на „8 Септември“: Болницата е оставена со долг од 5 милиони евра

Неплатени сметки, режиски трошоци, неплатени фактури кон фирми, камати... или вкупно 243 милиони денари (околу 5 милиони евра) е долгот на Градската општа болница „8 Септември“. Освен тоа, рече новиот директор на болницата Христијан Костов за затечената ситуација во оваа здравствена установа, нереновирани се операциските оддели, единиците за реанимација и амбулатнти, а нема и доволно персонал.

Ова, според в.д. директорот Костов, значи дека работата на болницата е доведено во прашање. Тука годишно се извршуваат од 6-7.000 операции, а се прегледуваат 250 илјади пациенти.

„Од најкруцијално значење е интервенција кај операциските сали кои со ова темпо на работа на болницата нема да можат да бидат функционални“, рече Костов додавајќи дека реконструкција во овие делови не е направена повеќе децении.

Тој најави дека приоритет за новото раководство на болницата во следниот период ќе биде итна реконструкција на операциските сали и на единицата за реанимација. Освен тоа, рече Костов, приоритет ќе биде и воспоставувањето на воздушниот транспорт на пациенти со хеликоптер што ќе го скрати патувањето на пациентите од нивното место на живеење до болницата.

Во моментов буџетот на ГОБ „8 Септември“ е 840 милиони денари на годишно ниво.

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе