Новинар пријавил дека бил удрен на вчерашниот протест за „Монструм“

Б.С. (49) од Скопје, ангажиран како новинар, вчера попладне пријавил дека бил погоден со тврд предмет за време на протестот за случајот „Монструм“.

МВР соопшти дека во полициската станица Бит пазар вчера околу 17:30 часот Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе