ЈСП „Скопје“

Над 20 нови локации за купување и надополнување на електронската картичка „Скопска“

ЈСП „Скопје“ денеска информира дека ја прошири секундарната продажна мрежа со над 20 локации (маркети, трафики и слично), што се наоѓаат на фреквентни места низ скопските општини. Таму корисниците на јавниот превоз можат да купат или да ја надополнат електронската картичка „Скопска".

Граѓаните попрецизно можат да ги погледнат локациите на Фејсбук страницата на ЈСП „Скопје”.

„Сега секундарната продажна мрежа ја сочинуваат речиси 100 локации. Освен на посочените места, услугите на ЈСП „Скопје” може да се добијат и во 32 билетарници на претпријатието“, се вели во соопштението.

Од ЈСП „Скопје” очекуваат дека секундарната продажна мрежа и понатаму ќе се шири со оглед на активниот јавен повик за соработка до сите заинтересирани субјекти.

„За секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување на „Скопска”, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб-страницата на претпријатието и сл“, се наведува во соопштението од ЈСП „Скопје”. 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе