Нови модерно уредени соби во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (ФОТО)

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во В и Г блоковите во студентскиот дом „Годе Делчев". Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во студентскиот дом „Гоце Делчев".

 

Проектот е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски. Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги како и флексибилен стол.

ДСЦ ги повикува студенти кои имаат проблем или идеја за подобрување на животот во студентските домови да ја пријават преку алатката „мој дом“.

 

 

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе