Новата фасада и реконструкцијата на ГТЦ ќе оди преку приватен инвеститор

Објавен е јавен повик за избор на консултантска куќа која ќе изработи студија на оправданост за можното учество и на приватниот сектор во реконструкцијата и надградбата на Градскиот трговски центар во Скопје.

Оваа студија треба да ги проанализира сите можности за изведување на овој проект преку јавно – приватно партнерство. Консултантската куќа треба да биде избрана до 12 декември, а министерството за изработка на една ваква студија предвидело 5.084.746 денари (80.000 евра). Рокот за изработка на проектот е пет месеци, а потоа би почнала процедурата за избор на приватен инвеститор.

Приватниот партнер за возврат на вложените средства би го добил на 25 годишно користење новиот, трет кат, кој ќе има површина од 12 илјади квадратни метри. Сопствениците на постоечките продавници не би биле засегнати.
Автори на основниот проект за реконструкција и надградба на ГТЦ се Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Овој проект предвидува сосема нова, барокна фасада на ГТЦ, со антички столбови и нова тераса со бројни скулптури на горниот кат.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија и повеќе невладини организации се против реализација на овој проект.  Тие, заедно со општина Центар бараат референдумско изјаснување на жителите на Центар за овој проект.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе