Нова работилница за штетноста на линданот од ОХИС

Во четврток, 28 март, во Скопје ќе се одржи нова работилница за дефинирање на следни чекори, надлежности и заедничка координација и комуникација меѓу засегнатите страни организирана во рамки на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“.

Овој проект е координиран од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Македонското еколошко друштво.

Подигнувањето на јавната свест на населението на Скопје за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина е една од активностите која се спроведува во рамки на овој повеќегодишен проект финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization).

Главната цел на овој долгогодишен проект е во следниот период да се спроведе отстранување на депонираниот линдан оставен две локации во дворот на фабриката ОХИС.

Македонското еколошко друштво (МЕД) е носител на активностите за подигнување на јавната свест, во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе