„Канцерогено општество“

Нов протест пред Собранието поради загадувањето

Иницијативата „Канцерогено општество" за денеска најави нов протест пред Собранието против загадувањето на воздухот. Револтот ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието. Бараат од надлежните во рок од една година да ги решат регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и апелираат на заедничко дејствување со сите екоздруженија и активисти.

„Едно од клучните барања на нашата организација е решавање на сите жешки еколошки точки во рок од една година, како што се: „Охис", „Јегуновце", РЕК „Битола", „Железара" и „Дрисла". Исто така, треба да се воведе нова технологија за решавање на регионалните депонии што се под локална власт и создавање национален план за селектирање и рециклирање на отпадот", порачаа од иницијативата „Канцерогено општество".

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе