Во Супер Тинекс-Годел

Нов апарат за плаќање на сметки на ЈП Водовод и канализација-Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ланецот на маркети Тинекс, денес постави апарат за плаќање на сметки во Супер Тинекс-Годел на ул. Перо Наков бр.108, информираат од претпријатието.

„Ова е уште еден чекор со кој ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие ја зголемува достапноста на своите услуги до своите корисници. По воведување на мобилната апликација достапна за Andorid и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата кои освен во Супер Тинекс 1-Годел, се поставени уште на две локации – во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје“, се вели во соопштението од Јавното претпријатие.

Користејќи ги апаратите за наплата, корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки.

 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе