Во десетина општини измерени се високи концентрации на ПМ10

Ноќеска Скопје меѓу најзагадените градови во светот, цела Македонија загадена

Официјалните мерења на загадувањето на воздухот покажаа дека во скопските општини синоќа загадувањето со ПМ 10 честичките беше и до 10 пати над дозволените концентрации. Во Карпош во 1 часот по полноќ измерени се дури 610 микрограми ПМ 10 честички на еден кубен метар воздух, кај Ректоратот 580, во Центар 471...

Максимално дозволените концентрации се 50 микрограми на еден кубен метар воздух.

Во поледните 24 часа речиси во цела Македонија измерени исклучително високи концентрации во воѐдухот со ПМ 10 честички: Битола 400, Тетово 290, Кавадарци 288, Кичево 660, Струмица 566, Кочани 299, Куманово 274...

По соопштението на Министерството за животна средина за надминување на Прагот на информирање, каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици, град Скопје објави неколку препораки до граѓаните.

Градските власти препорачуваат да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило. Да се користи јавниот превоз, а рано наутро и навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено.

„За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал. Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци. Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот. Редовно да се чистат оџаците. Да се одложат сите активности на отворено. Да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје“, соопштуваат власите од Скопје.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе