Никој во Советот на Град Скопје не понуди решение за приватните превозници, блокадата ќе продолжи в четврток

Советот на Град Скопје вчера не донесе никаква одлука за проблемот со приватните автобуски превозници кои вчера ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје. Советниците и градоначалничката Данела Арсовска освен меѓусебното обвинување за тоа кој е виновен за оваа ситуација, не понудија решение за долгот од околу еден милион евра на ЈСП Скопје кон приватните автобуски превозници.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие, Александар Стојковски тврди дека откако е тој директор сите гактури кон приватните превозници биле платени. Од друга страна, претставниците на приватните превозници само бараа одговор на прашањето кога долгот кон нив ќе биде исплатен.

Градоначалничката Арсовска најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановскирече дека не ги добиле очекуваните одговори и оти блокадата ќе продолжи по завршувањето на дводневната официјална посета на Македонија на германскиот претседател.

„Дали ќе се продолжи со протестите само на раскрсницата кај Мавровка или ќе се прошират ќе зависи од одлуката на координативното тело на превозниците“, рече Јовановски.

Јовановски по седницата на Советот на Град Скопје изјави дека не ги добиле очекуваните одговори. „Сакавме да слушнеме што се планира околу цела ситуација и кое е излезното решение и каде е проблемот што се создаде за да биде Скопје ставено во една ваква тешка ситуација“, додаде тој, и рече дека не гледа ниту желба дека некој нешто ќе направи во оваа ситуација.

Тој рече дека досега, по неговото 23-годишно искуство со сите градоначалници на Скопје, ваква ситуација немале, некој да ни вели да тужиме бидејќи, коко што кажа Арсовска, сите проблеми што ги имале ги решавале на маса.

„Сега имаме ситуација кога покрај тоа што никој не сака да седне на маса и да понуди решение, дури нема одговор ни на оние основни прашања што треба да се одговорат и јавноста да ги знае за да и биде појасно зошто сето ова се случува, и како некој планира ова да го реши“, изјави тој.

Јовановски информираше дека во „Слобода превоз“ и во „Макекспрес“ влезена е УЈП и дека тековно се доставуваат документите и податоците од нивното работење да ги има на увид.

Прашан околу тврдењата дека се продаваат билети во автобусите на ЈСП, приватниците, и дали приватните превозници продаваат билети или не тој потврдно одговори дека не продаваат и дека тие информации се без аргументи.

„Ако имаа документ ќе извадеа. Нашите документи се доставени до сите советнички групи во Град Скопје по однос на картичките. Долгот е усогласен и тој е во таа висина заедно со ЈСП и не е спорен, тој постои“, истакна Јовановски.

Тој исто така додаде дека тие ниту задолжиле такви билети, ниту можат да печатат такви билети бидејќи, како што кажа, тоа е во еден електронски систем контролиран само од ЈСП.

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе