Ќе биде распишан нов оглас

Никој не се пријавил на тендерот за уривање на дивоградбата пред „Мавровка“

Пропадна постапката за избор на фирма за уривање на дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка" бидејќи никој не се пријавил на тендерот. Денеска требаше да се одржи јавното отворање на понудите на заинтересираните фирми, но, со оглед дека немало ниту една понуда, од општината најавуваат распишување на нов оглас.

„Постапката се поништува. Утре ќе објавиме нова со што се дава рок од седум дена на заинтересираните економски оператори да се пријават. Постапката немаше ниту еден посебен услов надвор од стандардните и никој не беше спречен да аплицира. Доколку повторно не се пријави никој, ќе ја повторуваме постапката", велат од општината за 360 степени. 

Од општината уверуваат дека нема отстапување од намерата да се руши дивоградбата.

Општината отвори постапка откако се пробија сите законски рокови со кои од „мистериозниот" инвеститор се бараше самиот да ја урне дивоградбата кај ТЦ „Мавровка". Според решението на овлaстениот градежен инспекторат, сега надлежноста за отстранување на објектот кој покрива површина од 330 метри квадратни, е на Општина Чаир.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе