Бочварски вели градоначалникот може да го смени урбанистичкиот план

Ни 2 часа сонце нема да видат станарите на Центар ако се изгради висококатницата кај Холидеј ин, велат од Зелен хуман град

Претставник од Зелен хуман град на денешната јавна дебата „Дискреционите овластувања при донесување на подзаконски акти како ризик од корупција во урбанистичкото планирање" дирекно ми порачаа на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дека им се чини како тој и тие да живеат во две паралелни реалности. Пораката на вкупно 23 активистички организации кои ги претставува „Зелен хуман град" до Бочварски е дека ќе го оспорат член од Правилникот за за урбанистичко планирање и ако тој не реагира, иницијатива ќе биде поднесена до Уставниот суд.

„Како претставнички на 23 активистички организации изработивме иницијатива која ќе ја доставиме до Министерството за транспорт и врски и го оспоруваме членот 5. Ние како да живееме во паралелни реалности и Министерството за транспорт и врски тврди дека општините се на потег да ги менуваат урбанистичките планови и тоа не треба да биде пречка за квалитетот. Имаме сериозна спрега инвеститори, планери, општени кои никако нема да дозволат да преовладува јавниот интерес. Прашањето кое се поставува е дали со овој правилник се нарушува хиерархијата на урбанистичко планирање", изјавија од Зелен хуман град.

Од таму потсетија дека 31 урбанистички план во опшина Центар за кој е утврдено отстапување од ГУП-от , меѓу кои е и планот за Холидеј ин, и понатаму ќе може да се реализира и сите ќе бидеме сведоци на уништување на еден јавен простор кој може да биде парк.

„Ќе се оптоварува инфраструктурата и ќе го зголемува урбаниот хаос. Голем број на станови нема да имаат ниту 2 часа сончево зрачење. До кога ќе ги префрламе одговорностите од централна на локална власт? Министерот вели дека општините се на потег. Јас сметам дека тоа е една голема фарса и дека ова е еден голем пример кога општините се залагаат и живеат од наплата на комуналиите. На општините им одговара да наплатуваат што е можно повеќе комуналии и ќе се дозволува да се гради. Веројатно има уште многу да се зборува, но се она што го имаме како анализа ќе го доставиме на писмено и доколку Министерството за транспорт и врски не реагира, ќе поведеме иницијатива до Уставниот суд", додадоа од Зелен хуман град.

Градоначалникот Бочварски на ова реплицираше дека ниту еден правилник и закон не смееме да го читаме само во еден член.

„Општината може да ја измени висината ако се предизвикува нарушување на јавниот простор или се нарушува јавниот интерес. Автономна е одлуката на висината на катност и никаде не пишува дека не може да се намалат висините на градбите. Ниту еден правилник нема да ја подобри состојбата туку тоа ќе се постигне само со промена на урбанистичките планови. Ако нешто е во интерес на општината, тоа може истата да го направи. Не е точно дека општините имаат заврзани раце да дејствуваат во одредени урбанистички планови. Од оваа битка нема да отстапиме, јас ја барам вклученоста од сите вас да ги креираме заедно политиките на урбанизмот. Може да се направат корекции и може да се намали висината на веќе донесените урбанистички планови", додаде Бочварски.
Тој истакна дека наредната недела Министерството за транспорт и врски ќе организира настан на кој секој ќе може да достави забелешки за било кој член кој смета дека е спорен.

„Ве повикувам да реагирате и нема да дозволам било кој член да се применува, а да носи штета. Како и да го измениме правилникот, ако нема акција од градоначалниците, џабе ни се било какви закони", додаде Бочварски.

Претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска на ова додадека дека можеби општините се на потег, но треба да има јасна легислатива по која ќе треба да работат.

Дозволата за градба за инвеститорите „Фешн груп" и за МПЦ се потпишани од претходниот градоначалник Саша Богдановиќ кој лани изјави дека нема веќе никакви пречки за почеток на изградбата на објектите планирани на паркингот наспроти хотелот Холидеј ин во Скопје. 

Деталниот урбанистички план за оваа локација е донесен уште во 2012 година.

За првата 20-катница комуналиите од 2,4 милиони евра се веќе уплатени на сметките на Град Скопје и на Општина Центар. Тука е предвидена и изградба на уште една станбена зграда и деловен центар.

Планот за изградба на овие објекти предизвика и уште предизвикува големи реакции во јавноста и помеѓу урбанистите, локалната власт ветуваше и суспензија на овие детални урбанистички планови, но градоначалникот Богдановиќ тогаш кажа дека сите можности за какво било суспендирање на планот за оваа локација веќе биле исцрпени. 

К.Д.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе