По вчерашната хаварија

Невладините бараат надлежните да одговорат на многу прашања во врска со хаваријата во ОХИС

Бараме надлежните да излезат на прес конференција и да одговорат на сите прашања по вчерашниот инцидент во кругот на поранешната фабрика ОХИС кога истекоа неколку тона токсична течност.

Организациите кои се дел од О2 иницијативата бараат одговори на следниве прашања:

Дали е извршен увид на граѓаните кои живеат во околината за последици од изложеноста на метил акрилатот? Дали е испитано дали некој има оштетување на видот како резултат, последици во респираторниот или нервниот систем?

Дали лицата кои работеле на локацијата биле постојано со заштитна опрема и маски?

Зошто инспекторите не реагирале на немање 24 часовен надзор на локацијата?

Дали се вршело постојано мерење на концентрациите на токсичните супстанци на локацијата?

Зошто стечајниот суд дури сега, после можеби 9 месеци наложува надзор, само на документацијата?

Дали лабораторијата „АМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е стручна за надзор над пакување, складирање и изнесување на хемиски, опасен отпад?

Како Екоцентар 97, правно лице кое НЕ поседува ДОЗВОЛА за собирање и за транспортирање на ОПАСЕН отпад, е избрана на тендер за собирање и за транспортирање на историскиот опасен отпад на ОХИС?

Зошто Државниот инспекторат за животна средина не реагирал согласно своите надлежности и дали утврдил дали е склучен договор со правно лице кое поседува дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад?

Дали Екоцентар 97 изготвиле внатрешен план за вонредни состојби во законскиот рок? Дали го доставил до МЖСПП/ДИЖС и до градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје?

Дали општината Кисела Вода и град Скопје изготвиле надворешен план за вонредни состојби во законскиот рок? Дали го доставиле до МЖСПП/ДИЖС?

Дали градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје ѝ овозможиле на јавноста пристап до содржината на надворешниот и на внатрешниот план за вонредни состојби?

Дали Екоцентар 97 ги презел сите мерки неопходни за спречување на хавариите и за ограничување на нивните последици врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето? Дали за преземените мерки го известувале МЖСПП/ДИЖС?

Дали Екоцентар 97 доставувал навремено известување до МЖСПП/ДИЖС во врска со системите во кои се присутни опасните супстанции, дали навремено давал податоци за предвидените активности, детали на елементи во соседството? Дали ова известување го доставил и до градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје?

Дали Екоцентар 97 изготвил план за спречување на хаварии во законскиот рок?

Дали изготвил извештај за мерките за безбедност во законскиот рок? Дали го доставил до МЖСПП/ДИЖС и до градоначалникот на Кисела Вода и градоначалникот на град Скопје?

Дали МЖСПП му испратило заклучоци од своето испитување на извештајот за мерките за безбедност на Екоцентар 97? Дали МЖСПП претходно добило мислење од органите на државна управа надлежни за работите од областа на заштита и спасување, здравство, трудот, економијата и внатрешните работи? Дали извештајот за мерките за безбедност бил достапен на јавноста?

Дали Екоцентар 97 за предвидените активности и мерките за безбедност, за начинот на постапување во случај на хаварија ги информирале лицата на кои би влијаела хаваријата предизвикана од системот? Дали овие информации ѝ биле достапни на јавноста?

Кои се казните со кои Екоцентар 97 и лицето кое е одговорно за спроведувањето на обврските за спречување и за контрола на хавариите во системот, се соочуваат?

О2 иницијативата бата надлежните да излезат на конференција за медиуми и да одговорат на сите прашања.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе