„Нема воздух нема мир“, граѓаните излегоа на протестен марш во Скопје

Со една заедничка цел, да дишат чист воздух граѓаните излегоа на протест во главниот град. Извикувајќи „Нема воздух, нема мир" жителите од повеќе градови излегоа на протестен марш за кој имаше повик на социјалните мрежи.

Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места.

Здружените еко-активисти бараат исполнување на барањата кои се плод на долгогодишна граѓанска активност и иницијативи за итно решавање на многубројните проблеми со загадување и животната средина.

Како дел од 12. жешки еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Кон тоа премногу сериозно прашање, укажаа, сите влади досега се однесуваат ноншалнтно.

До надлежните институции имаат 250 барања за чист воздух. Маршот го почнаа пред пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а крајна дестинација е Владата.

                                            

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе