Јавно сообраќајно претпријатие

Нема јавен превоз за време на полицискиот час во Скопје

ЈСП преку соопштение информираше дека за време на полицискиот час, нема да има јавен превоз низ главниот град Скопје.

„Ве информираме дека од денеска, четврток (4.06.2020 год) од 21 часот до понеделник (8.06.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Времениот прекин е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје.

Денеска јавниот превоз ќе функционира до 21 часот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред", велат од ЈСП.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе