Неколку улици во Карпош утре без вода

Без вода утре ќе останат неколку улици во општина Карпош поради уличен дефект од Ф-150 мм и дефект на шибер Ф-80мм на улица „Дрезденска" 38 и „Анкарска" во населба Тафталиџе.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација", без вода ќе бидат корисниците на улиците „Њу Делхиска", „Дрезденска", „Анкарска", „Атинска", „Алжирска", „Бахар Моис", „Римска", „Наум Евро", „Панче Пешев", „Генерал Михајло Апостолски", „Борка Талевски".

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе