О2 коалиција за чист воздух

Некој во Скопје загадува и лете, „бараме акција сега, а не оправдување во зима“

Со денови Железара испушта токсични облаци чад, но никој од надлежните не излезе да каже што се случува/ше, кои се причините, кој е одговорен, кој е казнет, затворен за работа и што со овој индустриски комплекс, во Скопје кој е еден од изворите на индустриско загадување, апелираат активистите од О2 коалицијата за чист воздух.

Нивните акции покажуваат дека во Скопје и во јули и во август во одредени денови присуството на ПМ честичките во воздухот се многу над дозволените концентрации.

Освен тоа, О2 коалицијата упатува отворено прашање до Министерството за животна средина и просторно планирање како тоа за помалку од два месеца една иста мерна станица и еден ист мерен инструмент се повторно на сервисирање и калибрација, па податоци за присуството на PM10 честичките во Гази Баба нема? Кој и врз каква основа ги трга пиковите од измерените податоци за PM10 Гази Баба? Одговорност некој ќе преземе, апелираат активистите.

„Нема официјално соопштение што се случува/ше деновиве со Железара. Почнувајќи од вечерта на 10 август објавени се разни фотографии и видеа каде се гледаат огромни облаци од чад како излегуваат од Железара и се шират во околината.

Енормно загадување, ама надлежните молчат. Инспектори биле, направиле записник, и? Како е дозволено ваква состојба да трае со денови и масовно да ги труе сите скопјани? Казни се изрекоа? До кога вака? Тешкава индустрија ќе си ја чуваме во градов за да се изложат што поголем број на луѓе на вакви хаварии?

Министерството за животна средина ги тргнало пиковите кога овие огромни отровни облаци се излевале над градот и сите негови жители. Тргнати се пиковите во 2 и 3 часот по полноќ на 11 август, во 12 часот на пладне на 12 август, во 3, 4 и 5 часот на 13 август, за да после, во 9 часот наутро се прекине преносот на ПM10 вредностите од мерната станица во Гази Баба. Нема докази за високи вредности, никој не е крив, казнет, затворен за работа, затруја цело Скопје и тоа не прв пат, и толку“, велат од 02 коалицијата.

Некаде меѓу Ѓорче Петров и Влае

Од 10 август нема податоци за ПМ 2,5 честичките во Карпош. Мерната станица не работеше од 29 мај до 11 јуни поради редовен сервис и калибрација.

И минатите години за време на летните месеци беа регистрирани високи концентрации на ПМ честичките во воздухот.

За време на летните месеци во Скопје не се користат дрва за греeње, фрекфенцијата на луѓе во главниот град е намалена, намален е и бројот на возила што сообраќајат по градот, но намален е и интересот на надлежните за следење на состојбите со загадениот воздух и преземање мерки.

Активистите од О2 коалицијата ги повикаа надлежните институции Министерство за животна средина и просторно планирање, ДИЖС, Град Скопје, Инспекторат на град Скопје и општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Карпош да одговорат кои се загадувачите на Скопје и какви мерки се преземени против нив.

И летово регистрирани се вредности од 630, 589, 485, 442, 343, 249, 236 μg/m3 ПМ 10 честички во воздухот.

„Институциите треба да го регистрираат проблемот – тоа секако не значи да ги исклучат мерните станици или одеднаш сензорите да прекинат да работат иако до пред 50 дена беа на долгорочна поправка/надградба/репарирање.

Треба да се сфати сериозноста – тоа што цел ден е 20 μg/m3, а неколку часови е 80 μg/m3 (за PM2,5), па целодневната ќе биде може и во границите на дзоволеното не значи дека нема загадување. Напротив, таквите пикови треба да бидат аларм дека некој, некаде прави недозволиво испуштање на штетни честици во воздухот.

Треба да се излезе на терен, но со новоекипирани, ако треба и хонорарни соработници. Тоа не мора да бидат обучени искусни инспектори бидејќи до сега не се уверивме дека искуството е пресудно за откривање на загадувачите. Напротив, после целата неактивност, веруваме дека може има поврзаност помеѓу загадувањето и замижувањето на инспекциите. Доволно е да се има желба за работа и решавање на проблемот. На располагање се имаат дронови, мобилни мерни инструменти, рачни мерачи... Доволно за да се утврди од каде доаѓа загадувањето.

На само педесетина метри од хотелот Александар Палас

Да не зборуваме за видливите, покрај кеј диви населби кои како и секое лето си „работат", горат, иако едно од барањата на О2 коалиција кое го потпишаа сегашните градоначалници на општина Карпош, Стефан Богоев, на Аеродром, Златко Марин, на Кисела Вода, Филип Темелковски и на Гази Баба, Борис Георгиевски беше иницирање на итна постапка и силна заложба за отстранување на дивите населби/населени места на територија на општината. Односно, неодложно покренување на итна постапка за згрижување на луѓето во соработка со сите релевантни институции од локалната и централната власт, вклучувајќи го и Министерство за труд и социјална политика.

Треба да се спроведат казнени мерки за причинителите - доколку се сакционираат најголем дел од оние што турбо „работат“ во одредени часови, веруваме дека овие средства ќе бидат доволни за нови мобилни мерни станици/мерачи.

Бараме акција сега, а не оправдувања во зима“, апелираат од О2 коалицијата за чист воздух.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе