Не фрлајте влажни марамчиња и најлони во канализација, апелираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје преку соопштение апелира до граѓаните во канализацискиот систем да не фрлаат отпадни материјали кои не се разлагаат како што се влажни марамчиња, најлони, предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, за да се спречи затнување на системот и излевање на отпадната вода.

„Утрово, екипите на секторот Канализација, на ул. ‘Никола Русински‘ работеа на чистење и одзатнување на шахти затнати како резултат на влажни марамчиња, даски и шипки, односно неодговорно однесување на корисниците. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето“, велат од секторот Канализација.

Оттаму апелираат граѓаните  да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање, а за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе