„Велоград во контејнер“

НаТочак: в среда протест поради поставените контејнери на велопатеките

В среда организираме вонредна Критична маса како изразување на протест за несоодветното поставување на контејнери на велопатеките и незаинтересираниот однос на градот Скопје за ова прашање.

Две недели изминаа од писменото барање градот Скопје да одговори за несоодветно поставените контејнери на велосипедските патеки ширум градот, но одговор нема, информираат од иницијативата НаТочак.

„Како одлучиле за локациите, според кои стандарди се воделе и како се планира да се реши овој евидентен проблем на кој реагираа многу граѓани на социјалните мрежи. Градските власти наместо да работат на унапредување на велосипедската инфрастуктура, тие ја уназадуваат. Оваа ситуација е враќање пет години наназад во ангажманот Скопје да добие нормални услови за движење со велосипед. 

Апелираме дека Скопје треба да работи повизионерски и наместо поставување на контејнери на велосипедските патеки, треба да се занимава со продолжување на патеката по кејот на Вардар на исток и запад и истата да се ослободи од коли и градби во строгиот центар, да се шири мрежата низ градот, да се градат велосипедски полигони за сообраќајно образование, да има задолжителен велосипедски паркинг во новите станбени објекти, постоечките патеки веќе да се прошируваат и крстосниците да добијат целосно нов мултимодален, неавтоцентричен лик.

Локациите на контејнерите не се размислувани пред да се направи набавката. Како влезен критериум за избор на типот не се земени постоечките локации и услови на нив. Не е размислувано ни за нови локации, надвор од булеварите. Контејнерите се нарачани без да се води сметка како ќе влијаат на одвивањето на сообраќајот (пешачки и велосипедски). Исто така, поставени се без елаборат за поставување на урбана опрема, не се почитувани стандардите за урбанистичко планирање и уредување на просторот, а уште помалку е направен напор за подобрување на тие стандарди“, велат од неформалното здружение за урбан велосипедизам „НаТочак“ и додаваат дека нивното единствено барање е да се дислоцираат контејнерите од велосипедските патеки и да се најде друго место за нив.

В среда протестот „Велоград во контејнер“ ќе почне во 17,30 часот со собир на плоштадот Македонија, а ќе заврши пред канцелариите на град Скопје.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе